Траги-комедија: Управни судијки не знаеле дека законски одредби веќе 17 години не се во сила, вели Апасиев

t

Судијки во Управниот суд не знаат дека законски одредби на кои се повикале веќе не се важечки во македонскиот правен поредок, вели лидерот на Левица, Димитар Апасиев.

-Управните судијки Дитурије Елези НЕЗИРИ + Ана ГЕРАСИМОВСКА + Даниела АНТОВСКА ми ја отфрлиле тужбата против Собранието на РМ (и неговиот претседател Талат Џафери) и се прогласиле за ненадлежни – повикувајќи се на чл. 67, ст. 3 и 4 од од Законот за референдум.

И сè би било ОК, арно ама, баш тие законски одредби се непостоечки во нашиот правен поредок, затоа што Уставниот суд нив ги укина уште во 2006 година! Значи, и после 17 години, кутрите судијки не знаат кои одредби се во правна сила, а кои не!? И овие ликови ни делат „правда“ у Севернава.

p.s. Е вакви гревови ја донесоа и пресудата за отворање на Рудникот на смртта во Струмица. – вели Апасиев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Апелација ја укина затворската казна за убиството…

Апелацискиот суд ја преиначи првостепената пресуда за…

Апасиев го тужи Собранието

Пратеникот и претседател на Постојаната анкетна комисија…

​​​​​​Левица: Нов ценовен шок – власта повторно…

Иако Владата се фали со „успешни мерки”…

Монструозно: Таткото на Вања направи ЛАЈК со…

Таткото на Вања попладнево e донесен во…

Судот на ЕУ ја одобри забраната за…

Владините канцеларии можат да забранат верско облекување,…