Столтенберг ќе ја потсетува Турција за членството на Финска и Шведска во НАТО
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг најави дека има намера во блиска иднина да ја посети Турција за да се сретне со претседателот Таип Ердоган за прашањето за приклучување на Финска и Шведска во алијансата.
„Јас самиот ќе одам во Турција за да се сретнам со претседателот Ердоган во блиска иднина“, рече тој на заедничката прес-конференција во Брисел со романскиот премиер.
Столтенберг додаде дека „е уверен дека сите сојузници ќе го потпишат пристапниот протокол“.
„Го поздравувам и фактот што Финска и Шведска се во близок контакт со Турција“, рече тој.
Претходно беше објавено дека новиот премиер на Шведска ќе отпатува во Турција на разговори со Ердоган.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Албанската наркомафија оперира и во Финска: Запленети…
Албанското Специјалното обвинителство, во соработка со финските…
Руски борбени авиони навлегле во воздушниот простор…
Министерството за одбрана на Финска соопшти дека…
Трагедија во Финска: Се судрија два хеликоптери,…
Патници во двата цивилни хеликоптери кои денеска…
Шведскиот министер за безбедност си поднесе оставка…
Новиот министер за национална безбедност на Шведска,…
Шведска пренесе двајца повредени пациенти во Стокхолм
Шведска денеска со авион пренесе двајца повредени…