Столтенберг ќе ја потсетува Турција за членството на Финска и Шведска во НАТО
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг најави дека има намера во блиска иднина да ја посети Турција за да се сретне со претседателот Таип Ердоган за прашањето за приклучување на Финска и Шведска во алијансата.
„Јас самиот ќе одам во Турција за да се сретнам со претседателот Ердоган во блиска иднина“, рече тој на заедничката прес-конференција во Брисел со романскиот премиер.
Столтенберг додаде дека „е уверен дека сите сојузници ќе го потпишат пристапниот протокол“.
„Го поздравувам и фактот што Финска и Шведска се во близок контакт со Турција“, рече тој.
Претходно беше објавено дека новиот премиер на Шведска ќе отпатува во Турција на разговори со Ердоган.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Шведскиот парламент изгласа намалување на возраста за…
Шведскиот парламент гласаше за намалување на возраста…
Разбиена руска шпионска операција во Шведска
Шведската безбедносна служба САПО денеска објави дека…
Финска воведе ограничувања во воздушниот и морскиот…
Финска привремено го ограничи воздушниот и морскиот…
Шведска усвои закон за мигранти — кој…
Шведскиот парламент гласаше за заострување на законите…
Шведска пресретна два руски борбени авиони
До ова дошло во два наврати во…