Традиционална прослава за Бадник пред Соборниот храм „Св. Климент Охридски“

t

Утре пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје по јубилеен 30-ти пат ќе се одржи прослава на Бадник. Од Одборот за традиционална прослава на Бадник, кој е организатор на настанот, информираат дека поради актуелната состојба со пандемијата и строгите мерки за заштита на здравјето на граѓаните и на бадникарите предвидените активности на платото пред Соборниот храм ќе се одвиваат во изменета форма.

Како и минатата година делењето бадникови гранчиња, кои пред две недели беа набрани во Говрлево, ќе се одвива на двата влеза во дворот на црквата, од страната на булеварите Партизански одреди и Климент Охридски, веднаш откако ќе се осветат, ќе подигне бадникарското знаме и ќе се исполни химната, нештоа нешто по 10 часот.

Годинешните кумови Драган Спасов –Дац и Александар Митевски и здравичарот Живко Поповски – Цветин заедно со претставници на Одборот ќе го посетат Домот за стари лица во Злокуќани при што ќе врачат пригодни подароци за да им ја доловат атмосферата во пресрет на големиот христијански празник Божик и заедно со сограѓаните и персоналот да ги споделат радоста и среќата што ги носи голем празник.

Откако пред Храмот ќе пристигне со пајтон стариот кум др.Никола Пановски и минатогодишниот здравичар др. Миодраг Врчаковски и новите кумови и здравичарот по престојот во Злокуќани, по 30 часот заедно со другите високи гости ќе се упатат кон Храмот каде што во присуство на поглаварот на МПЦ г.г. Стефан и свештенослужители ќе се одвива чинот на предавањето на бадникарскиот ќуп на новите кумови, обраќањето на поглаварот и осветувањето на погачата –информираат од Одборот.

По завршувањето на целокупната церемонија новите кумови со ќупот заедно со здравичарот ќе го напуштат Храмот и со пајтон ќе се упатат кон своите домови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бадник и Божиќ: Најрадосни денови за народот,…

Бадник се нарекува денот пред роденденот на Исус Христос…

За здравје и среќа: Зошто според традицијата…

Домот за Бадник традиционално се украсува со…

Изумирa Koлeдe: Ceгa дeцaтa ги прaќaaт на…

И оваа година наместо на Коледе, децата…

(Фото) Семејството на Мицкоски ја испочитува традицијата,…

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски објави дека…

МПЦ против Коледе, бадникарските огнови и лепчето…

Отецот Бобан од Македонската православна црква (МПЦ)…