Објавено на:

Трамп: Ако цените на нафтата се намалат, Путин ќе престане да убива

t

Доналд Трамп смета дека намалувањето на цените на енергенсите ќе го принуди Владимир Путин да ја запре својата војна во Украина.

„Ако цените се намалат, Путин ќе престане да убива луѓе. Ако ја намалите цената на нафтата, за уште десет долари за барел, тој нема да има избор зашто руската економија е во многу лоша состојба“, кажа Трамп.

Тој минатата недела му даде рок на Путин да ја заврши војната во Украина до 8 август или ќе ѝ воведе построги санкции на Русија, како и високи царини на земјите кои купуваат нафта од неа. Неговата влада врши притисок врз Индија и Кина да престанат да купуваат руска нафта, што Кремљ го опиша како илегален потег.

Трамп смета дека падот на цените на нафтата се должи на зголеменото производство, вклучително и од земјите на ОПЕК и очекува натамошни намалувања.

Групата ОПЕК+ се согласи во неделата да го зголеми производството на нафта за 547.000 барели дневно за септември бидејќи се зголемува загриженоста за потенцијални прекини во снабдувањето поврзани со Русија.

Меѓународниот монетарен фонд минатата недела ја намали прогнозата за раст на руската економија на 0,9% за оваа година, во споредба со претходната прогноза од 1,5%.

Специјалниот пратеник на Трамп, Стив Виткоф, денеска повторно пристигна во Москва, при што Кремљ кажа дека би можел да се сретне и со Путин. Ова е последниот дипломатски напор на САД пред истекот на ултиматумот на Трамп, за кој извори од Кремљ кажаа дека не го загрижува Путин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп: Ако цените на нафтата се намалат,…

Доналд Трамп смета дека намалувањето на цените…

Трамп објави дека Американците би можеле да…

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека некои…

Победата на Русија е прашање на време,…

Победата на Русија во Украина е само…

Песков за санкциите на Трамп: Русија е…

Кремљ денес соопшти дека внимателно ги следи…

ТРАМП МУ СЕ ЗАКАНИ НА ПУТИН Русија…

Трамп - враќајќи се од Велика Британија…