Трамп објави дека Американците би можеле да добијат некој вид дивиденда од новите царини
Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека некои Американци може да добијат некаков вид дивиденда или распределба на пари како резултат на воведувањето царини врз американските трговски партнери.
„Дистрибуцијата на профитот или дивидендите може да се организира за нашите граѓани, првенствено за луѓе со средни и пониски приходи“, изјави Трамп пред новинарите додека го напушташе својот голф клуб во Њу Џерси, според Ројтерс.
Претседателот на Соединетите Американски Држави во петокот потпиша извршна наредба за нови царини за увоз од десетици земји што ќе стапат на сила во рок од седум дена.
Новите царини се движат од 10 до 41 процент, со највисока царина за Сирија, а Европската Унија, Јапонија и Јужна Кореја подлежат на царини од 15 проценти. Овие царини се дел од стратегијата на Трамп за намалување на трговскиот дефицит на Соединетите Американски Држави, објави претходно Ројтерс.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ердоган разговараше со Трамп: Турција ќе продолжи…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски…
Блумберг: САД и Иран се приближуваат до…
САД и Иран се приближуваат до можен…
Трамп, Путин и Си Џинпинг на иста…
Кина потврди дека се водат разговори за…
Маж уапсен со оружје во близина на…
Американската Тајна служба уапси маж во близина…
Трамп: Русија и Украина за првпат се…
Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека Русија…