Трамп во интервју за Фокс њуз: Украина „можеби некогаш ќе биде руска“

t

„Можеби ќе склучат договор, можеби нема да склучат договор. Можеби ќе бидат Руси некогаш, или можеби нема да бидат Руси“, рече Трамп во интервју за Фокс њуз.

„Сакам нашите пари да бидат безбедни бидејќи трошиме стотици милијарди долари“, нагласи Трамп во интервју за Фокс њуз. Американскиот претседател прецизираше дека од Украина побарал ретји минерали во вкупна вредност од 500 милијарди долари.

На почетокот на минатата недела Трамп веќе побара гаранции за ретките минерали што се користат конкретно во електрониката.

Во интервјуто, американскиот претседател исто така рече дека разговарал со неговиот кинески колега Си Џинпинг откако ја презеде функцијата минатиот месец.

Трамп поретходно потврди дека неговиот специјален пратеник Кит Келог, кој има задача да подготви предлог за запирање на украинскиот конфликт, наскоро ќе го посети Киев. Според западни медиуми Келог би требало да биде во Украина на 20 февруари

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кривична пријава за охриѓанец, си оградил повеќе…

СВР Охрид поднесе кривична пријава против лице…

(Видео) Земјотрес од 7,2 степени го погоди…

Земјотрес со интензитет од 7,2 степени по…

САД воведоа нови санкции против Куба, насочени…

САД денес воведоа нови санкции врз Куба,…

Гори кај Никуштак: Интервенираат „ер тракторите“ на…

Во тек е интервенција на пожарот во…

„Август е проклет месец“: Путин под притисок…

Украина му го отежна животот на Владимир…