Трамп го отфрли предлогот на Иран за прекин на војната
САД го отфрлија предлогот на Иран за завршување на војната во три фази, изјави американскиот претседател Доналд Трамп за израелската телевизија Кан Њуз.
„Го разгледав новиот ирански предлог и тој е неприфатлив за мене“, рече Трамп. Според Ал Џезира, Иран им претставил на САД план од три фази за завршување на војната, кој предвидува премин од прекин на огнот кон долгорочно решение на Блискиот Исток. Техеран предложи прво да се склучи долгорочен мир и да се отвори Ормутскиот теснец.
Иран, исто така, се согласи да го замрзне збогатувањето на ураниум до 15 години, но одби да ги уништи своите нуклеарни постројки.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски: Оваа Влада испорачува и го прави…
Ние испорачуваме и го правиме тоа што…
Белорусија ослободува политички затвореници во замена за…
Белорусија започна нова рунда помилувања на политичките…
Ирански дронови и ракета погодија брод ангажиран…
Ирански дронови и ракета нападнале брод ангажиран…
САД ги повикаа сите да ја прифатат…
Соединетите Американски Држави соопштија дека ја почитуваат…
„Постои ризик поради напади и тероризам“ —…
САД преку својата амбасада во Ријад ги…