Трамп: Децата можеби ќе имаат две кукли наместо 30 и ќе бидат поскапи поради царините
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера призна дека неговите царини можат да резултираат со повисоки цени и намалена достапност на одредени производи во САД. Трамп посочи дека децата можеби ќе имаат две кукли наместо 30, нагласувајќи дека Кина ќе страда повеќе од САД поради трговската војна.
Претседателот се обидуваше да ја увери јавноста дека царините нема да доведат до рецесија, иако новиот извештај на владата покажа дека американската економија се намалила во првите три месеци од оваа година. Трамп го обвини својот претходник, Џо Бајден, за економската состојба, додека за Кина изјави дека имаат сериозни проблеми со функционирањето на фабриките, додавајќи дека САД не зависат многу од увозот од Кина.
„Некој рече: ‘Што ако полиците се празни?’ Можеби децата ќе имаат две кукли наместо 30. Можеби тие две кукли ќе чинат неколку долари повеќе отколку обично“, рече Трамп, давајќи пример за влијанието на царините врз потрошувачите.
Претходно, Министерството за трговија објави дека американската економија се намалила со годишна стапка од 0,3% во првиот квартал на оваа година. Причината за падот се поврзува со зголеменото количество на увоз, бидејќи компаниите се обидуваат да набават стока пред да влезат во сила новите царини. Дури и позитивните податоци за поголема домашна потрошувачка укажуваат дека купувањата се случуваат однапред, за да се избегне покачувањето на цените поради царините.
President Trump on U.S. tariffs on China: "Maybe the children will have two dolls instead of 30 dolls, and maybe the two dolls will cost a couple of bucks more than they would normally." pic.twitter.com/h4pYQUvtoc
— CSPAN (@cspan) April 30, 2025
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Македонското знаме се крена над Њујорк:…
Во чeст на 35 годишнината на независноста,…
Голем пожар зафати автоотпад во Тетово, се…
Голем пожар избувна денеска на автоотпад во…
Три лица повредени во сообраќајна несреќа на…
На 25.09.2026 во 20:20 часот во ОВР…
Вучиќ откри што му кажал на Путин
Српскиот претседател Александар Вучиќ се подготвува за…
ЕУ предупредува на енергетска криза – земјите…
Европската Унија се соочува со нова енергетска…