Трамп: Европа треба да се позанимава со војната меѓу Русија и Украина, а не да се фокусира на Гренланд
Американскиот претседател Доналд Трамп денес ги критикуваше европските лидери за отпорот кон неговите обиди за анексија на Гренланд и ги повика да се справат со сопствената безбедност.
„Европа треба да се фокусира на војната меѓу Русија и Украина, бидејќи, искрено, гледате каде ги доведе. На тоа треба да се фокусира Европа, а не на Гренланд“, изјави Трамп за „Ен-би-си њуз“.
Тој рече дека не се откажува од својата намера да воведе дополнителни тарифи за земјите што се спротивставуваат на неговата одлука за анексија на Гренланд.
„Ќе го направам тоа 100 отсто“, рече Трамп.
Кога беше прашан дали сè уште е подготвен да го заземе Гренланд преку воена интервенција, Трамп избегна директно да одговори.
„Немам коментар“, рече тој.
Трамп во саботата објави дека ќе воведе тарифи од 10 проценти за Данска, Норвешка, Шведска, Франција, Германија, Обединетото Кралство, Холандија и Финска почнувајќи од 1 февруари, и ќе ја зголеми тарифата на 25 проценти почнувајќи од јуни, доколку дотогаш не се склучи договор за купување на Гренланд.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Полските медиуми објавија вознемирувачки изјави за напаѓачот…
Во пукање на главниот плоштад во Краков,…
Напад врз нафтениот гигант „Арамко“ во Ријад,…
Канцелариите на „Сауди Арамко“ (Saudi Aramco) во…
„Системот се вика патријархат и е смртоносен“:…
„Не бараме сочувство, бараме одговорност“ – е…
На денешен ден е роден Михајло Апостолски:…
На 8 ноември 1906 година, во штипско…
Студентите во Тирана одбија партиско преземање: Најавија…
Студенти во Тирана вчера, направија жив ѕид…