Трамп: Зеленски го поддржуваат 4% од Украинците, потребни се избори
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека на Украина и се потребни избори пред потпишувањето на мировниот договор.
„Имаме ситуација кога немаше избори во Украина, каде што имаме вонредна состојба, ефективна вонредна состојба“, им рече Трамп на новинарите запрашан да ги коментира барањата на Русија да потпише мировен договор дури по изборите во Украина.
Трамп изјави дека „поддршката за Зеленски во Украина е намалена на четири отсто“ и дека народот на Украина треба да каже „знаете, помина долго време откако немавме избори“.
Тој додаде дека не се работи за тоа што Русија го кажува за изборите, туку, како што наведе, за неговиот личен став, како и за ставот на „многу други земји“.
Трамп, исто така, посочи дека Украина е одговорна за конфликтот, кој започна во таа земја пред три години, велејќи дека Киев тогаш можел да направи договор и да го избегне сето ова.
„Не требаше да го започнете ова“, рече Трамп.
Американскиот претседател рече дека нема да се спротивстави на распоредувањето на европските мировни сили во Украина во случај на мировен договор.
„Ако тоа е она што го сакаат, супер. Јас сум целосно за“, рече Трамп и истовремено нагласи дека нема да испраќа американски војници во Украина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Најмалку девет загинати во руски ракетен напад…
Најмалку девет луѓе загинаа, а 33 се…
(Видео) Најмасовен украински напад врз Москва и…
Украински дрон ноќеска погодил магацин на „Вајлдберис“,…
Федоров: Наскоро ќе можеме да ја гаѓаме…
Украина во следните три до шест месеци…
(Видео) Украина го нападна Московскиот регион со…
600 украински дронови го нападнаа Московскиот регион…
Зеленски: Најмалку тројца загинати и над 20…
Најмалку тројца луѓе загинаа, а повеќе од…