Објавено на:

Трамп: Зеленски мора да се откаже од Крим и членството во НАТО

t

Американскиот претседател Доналд Трамп, пред разговорите со украинскиот претседател Володимир Зеленски и голема делегација европски лидери, објави дека денес ќе им упати порака на посетителите на Белата куќа. Зеленски мора да се согласи со некои од условите на Русија за да заврши војната во Украина, вклучително и откажување од Крим и приклучување кон НАТО.

„Претседателот Зеленски на Украина може да ја заврши војната со Русија речиси веднаш, ако сака, или може да продолжи да се бори. Сетете се како започна. Нема враќање на Крим што го даде Обама (пред 12 години, без испукан куршум) и нема влез на Украина во НАТО – изјави Трамп.

Тој додаде дека некои работи никогаш нема да бидат исти во идина.

„Некои работи никогаш не се менуваат“, напиша Трамп на социјалните мрежи, објави Си-ен-ен. ,Трамп во порака рече дека денес е „голем ден“. „Никогаш не сме имале толку многу европски лидери истовремено. Голема чест е да ги угостиме“, рече Трамп.

Средбата со Трамп во Белата куќа ја потврди претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, а се очекува да присуствуваат и францускиот претседател Емануел Макрон, британскиот премиер Кир Стармер, германскиот канцелар Фридрих Мерц, италијанскиот премиер Ѓорѓи Мелони, финскиот претседател Александар Стабс и генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.

Европските лидери кои денес пристигнуваат во Белата куќа со Зеленски претходно изразија загриженост дека состанокот ќе се сведе на притисок од страна на Трамп врз украинскиот лидер да ги прифати условите што Путин ги постави за време на средбата со Трамп во Алјаска во петокот, објави Танјуг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нов напад во Ормускиот Теснец – погоден…

Нов брод е погоден во Ормускиот Теснец,…

Град Скопје и скопските општини ги наградија…

По повод 5 Октомври – Светскиот ден…

Стојаноски бара Брисел да седне на маса…

Македонија и Бугарија најпрво треба директно да…

(Видео) Ескалираа протестите пред косовскиот парламент: Солзавец,…

Тензична е ситуацијата пред косовското Собрание во…

Заканата за бомба на летот за Белград…

Патниците на летот на „Ер Србија“ од…