Објавено на:

Трамп: Зеленски не е вистинската личност, со која би можеле да постигнеме договор

t

Претседателот на САД, Доналд Трамп обновените украински напади врз руската енергетска инфраструктура ги оцени како „срамни“.

Тој за телевизијата „Њузмакс“ (Newsmax) истакна дека тоа е срамота и оти „има многу други можни цели“.

– Мислам дека е потешко да се преговара со Зеленски отколку со Путин. Сè што прави тој е да ги зголемува светските цени на нафтата … Кога напаѓате рафинерии за дизел … не му правите никаква услуга на светот, наведе Трамп.

Зеленски вчера за „Фајненшел тајмс“ (Financial Times) изјави дека е укината забраната за напади врз руските рафинерии.

Трамп пред пет дена изјави дека Москва и Киев постигнале договор за прекин на нападите врз енергетската инфраструктура. Но, примирјето не го потврдија ниту Русија ниту Украина.

– Зеленски не е вистинската личност со која би можеле да постигнеме договор. Тој вели дека сака договор, но всушност не сака. Не ми е особено симпатичен, посочи Трамп.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп: Зеленски не е вистинската личност, со…

Претседателот на САД, Доналд Трамп обновените украински…

Мицкоски: Можно е решение со Софија, но…

Можно е да се постигне договор со…

Интернет користат 93,7 проценти од граѓаните на…

Во првото тримесечје од 2026 година, 93,7…

Деветнаесет години од загинувањето на Тоше Проески

Македонија и Балканот се сеќаваат на Тоше…

Прометот во индустријата зголемен за 8,8 проценти…

Прометот во индустријата во август 2026 година…