Трамп: Илјада ракети се насочени кон Иран во случај да пробаат да ме убијат
Американскиот претседател Доналд Трамп му се закани на Иран со масовен воен одговор доколку, како што изјави, иранските власти се обидат да го убијат.
„Илјада ракети се натоварени и насочени кон Исламската Република Иран, а уште илјадници ќе следат веднаш доколку иранската влада ја исполни својата закана да го убие или да се обиде да го убие актуелниот претседател на Соединетите Американски Држави, во овој случај, мене“, рече Трамп во објава на веб-страницата Truth social.
Тој додаде дека веќе се издадени наредби и дека американската војска е подготвена „тотално да ги десеткува и уништи сите области на Иран“.
Трамп вчера изјави дека оставил упатства за одговорот на Вашингтон доколку Иран успее во она што го нарече планови за негово елиминирање и рече дека во тој случај, Техеран ќе се соочи со одговор „каков што никогаш порано не видел“. Претходно, во интервју за медиумите, тој изјави дека наводно долго време бил цел на Иран.
За време на погребната поворка за убиениот лидер на Исламската револуција, ајатолахот Али Хамнеи, во Техеран, учесниците носеа голем транспарент со натпис „Ќе го убиеме Трамп“, со пораки дека ќе се одмаздат за убиството на нивниот верски водач.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Стотици илјади Иранци изразија подготвеност да се…
Стоици илјади Иранци денеска учествуваа на владиниот…
Пекинг му одговори на Вашингтон: Не прифаќаме…
Кина остро реагираше на новите американски мерки…
Мицкоски од САД: Ги исполнуваме обврските од…
Ние испорачуваме и го правиме тоа што…
Мицкоски: Оваа Влада испорачува и го прави…
Ние испорачуваме и го правиме тоа што…
Белорусија ослободува политички затвореници во замена за…
Белорусија започна нова рунда помилувања на политичките…