Трамп им го честиташе Божик на „марксистичките демократи“ и на „ментално заостанатиот“ Бајден
Поранешниот американски републикански претседател Доналд Трамп во божикните честитки ги нарече владејачките демократи радикални левичарски марксисти кои се обидуваат да ги уништат САД, а демократскиот претседател Џо Бадјен „умствено заостанат“ во развојот.
„Среќен Божик на сите, вклучително и на радикалните левичарски марксисти кои се обидуваат да ја уништат нашата земја, на Федералното биро за истраги (FBI) кое незаконски ги присилува и ги плаќа социјалните и осакатените електронски медиуми да го промовираат умствено заостанатиот демократ пред брилијантниот, остроумен и сакан во САД Доналд Трамп“, објави поранешниот претседател на својата социјална мрежа Truth Social.
Поранешниот претседател му честиташе и на американското Министерство за правда, нарекувајќи го „Министерство за неправда“ и посака „љубов за сите“.
Во понеделникот Истражната комисија на американскиот Конгрес за упадот на вашингтонски Капитол од 6-ти јануари 2021 година, во понеделникот едногласно препорача кривична постапка против поранешниот републикански претседател Доналд Трамп, обвинувајќи го и дека наводно повикал на бунт.
Истражната комисија, исто така, препорачала до Министерството за правосудство, поранешниот претседател на САД кривично да биде гонет поради наводно попречување на службениот процес, односно заверување на резултатите од претседателските избори од ноември 2020 година, за заговор против САД и лажни изјави.
Поддржувачите на Трамп веднаш ги коментираа овие наводи како обид конзервативецот да биде елиминиран од политичката сцена и да се спречи тој повторно да се кандидира за претседателските избори во 2024 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Иран официјално ги потврди нападите врз три…
Иранските власти потврдија дека три нуклеарни објекти…
Денеска се празнува Свети Кирил, архиепископ Александриски
По потекло благородник и близок роднина на…
Метео: Видете какво ќе биде времето денес
Од УХМР јавуваат дека времето денеска ќе…
Америка го бомбардираше Иран, објави Трамп
Американскиот претседател Доналд Трамп рано утринава, во…
(Видео) Брутална тепачка на обиколница кај Скопје…
Инцидент каков што ретко се гледа се…