Објавено на:

Трамп: Иран е заинтересиран за дипломатско решение

t

Доналд Трамп рече дека Иран сака да склучи договор, бидејќи американски носач на авиони и придружна борбена група пристигнаа на Блискиот Исток. Американскиот претседател претходно се закани дека ќе го нападне Техеран ако тамошната влада не престане со насилното задушување на протестите, објавува Телеграф.

Трамп ја омекна својата реторика откако Иран го увери дека некои планирани егзекуции на притворени демонстранти се запрени и откако доби разузнавачки информации дека нападот можеби нема да им помогне на демонстрантите во нивната цел за промена на режимот.

Во интервју за Аксиос, Трамп рече дека верува оти иранските власти се подготвени да склучат договор делумно затоа што тој испратил „голема армада“ во регионот, осврнувајќи се на носачот на авиони УСС Абрахам Линколн и три воени брода. „Тие сакаат да склучат договор. Го знам тоа. Тие се јавија во бројни прилики. Тие сакаат да разговараат“, рече тој. „Имаме голема армада покрај Иран. Поголема отколку кај Венецуела.“

Централната команда на САД (CENTCOM), која е задолжена за американските сили во регионот, објави на X дека ударната група „моментално е распоредена на Блискиот Исток за да промовира регионална безбедност и стабилност“. Во меѓувреме, висок американски функционер им рече на новинарите дека Вашингтон е „отворен за разговори“ ако Иранците „одлучат да се јават“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Колумбија ги прекина дипломатските односи со Иран

Колумбија ги прекина дипломатските односи со Иран…

ОАЕ воведе санкции за најголемата државна банка…

Централната банка на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ)…

Иран само во септември заработил повеќе од…

Приходите на Иран од продажба на нафта…

Иран тврди дека сè уште ја контролира…

Иран ја задржува иницијативата во Ормускиот теснец,…

Стотици илјади Иранци изразија подготвеност да се…

Стоици илјади Иранци денеска учествуваа на владиниот…