Трамп: Иран е поразен, но нуклеарната програма е сè уште под надзор на САД
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Иран е воено поразен и дека неговите клучни воени капацитети се значително ослабени, но дека борбата не е целосно завршена, додавајќи дека САД нема да му дозволат на Техеран да се здобие со нуклеарно оружје, со порака дека „во одреден момент“ ќе стигне до збогатен ураниум закопан длабоко под урнатините во интервју за американската телевизија National News Desk.
Трамп оцени дека Иран е „поразен“, но нагласи дека тоа не значи дека сите операции се завршени. „Можеме да продолжиме уште две недели и да ги погодиме сите цели. Околу 70 проценти се веќе погодени, но преостанатите цели се сè уште таму“, рече Трамп.
Тој додаде дека сите понатамошни дејствија би претставувале само последни удари, но дека дури и без тоа, на Иран ќе му требаат неколку години за да ги обнови своите капацитети. „Ако заминеме сега, на Иран ќе му бидат потребни 20 години за да се опорави“, рече американскиот претседател. Трамп нагласи дека САД нема да му дозволат на Иран да развива нуклеарно оружје, велејќи дека Техеран, како што рече, „може да го употреби против Израел и регионот“.
„Никогаш не можеме да дозволиме Иран да има нуклеарно оружје“, рече Трамп. Трамп, исто така, рече дека американските сили ги следат местата каде што, како што изјави, е пронајден високо збогатен ураниум „закопан длабоко под урнатините“. „Ако некој се приближи до тој материјал, ќе знаеме и ќе одговориме“, рече Трамп. Тој додаде дека преостанатиот дел од нуклеарната програма на Иран е под постојан надзор на американските сили, вклучително и системи за надзор базирани на вселената.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кина прекина со извоз на горива поради…
Кинеските рафинерии го прекинаа извозот на нафтени…
САД им се заканија на Германија и…
Владата на САД ги предупреди Германија и…
Номинираниот амбасадор на САД во Бугарија: Во…
Номинираниот за нов амбасадор на Соединетите Американски…
Трамп најави планови за јужнокорејски инвестиции од…
Американскиот претседател Доналд Трамп во средата најави…
Ел Мундо: Русија летово планирала атентат на…
Руска разузнавачка мрежа планирала да изврши атентат…