Трамп: Иран пропаѓа – Нетанјаху: Израел е посилен од било кога
Американскиот претседател Доналд Трамп тврди дека Иран е „финансиски банкротиран“ поради затворањето на Ормутскиот теснец.
„Иран е финансиски банкротиран! Тие сакаат Ормутскиот теснец веднаш да се отвори“, напиша Трамп на мрежата Truth Social, додавајќи дека Исламската Република „сака пари“.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел е посилен од кога било и дека, заедно со Соединетите Американски Држави, ја води борбата против „силите на злото во светот“. Според него, „непријателите во секоја генерација се кренале за да го уништат еврејскиот народ“, но додаде дека во она што го нарекува „генерација на обнова“, Израел се крева против непријателот.
„Иранската оска на злото, која планираше да нè уништи, сега се бори за сопствен опстанок. Во војната за обнова, ние скршивме големи делови (од иранската оска)“, нагласи Нетанјаху.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Рубио: Трамп мисли дека Израел е доволно…
Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави…
Трамп: Војната во Иран практично е завршена
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека војната…
Израелскиот претседател му го довери мандатот на…
Израелскиот претседател Исак Херцог денеска му го…
Иран и Русија планираат изградба на гасовод…
Иран планира во соработка со Русија да…
Блумберг: САД и Иран се приближуваат до…
САД и Иран се приближуваат до можен…