Објавено на:

Трамп: „Искрено, подобро ќе одам во затвор“

t

Судијата дури десет пати го предупреди поранешниот американски претседател Доналд Трамп дека не смее да зборува за процесот надвор од судницата.

На Трамп му се суди во Њујорк поради спорната исплата на поранешната ѕвезда на филмови за возрасни, Сторми Даниелс.

За време на рочиштето, судијата Хуан Мерчан по 10-ти пат го предупреди поранешниот американски претседател и додаде дека следниот пат судот ќе ја разгледа и потенцијалната затворска казна.

Само неколку часа по завршувањето на сослушувањето, Трамп рече дека не планира да ја почитува одлуката на судот и дека е подготвен да оди во затвор.

„Искрено, нашиот Устав е многу поважен од затворите“, им рече Трамп на новинарите во ходникот на судот во Менхетен.

За непочитување на оваа судска одлука, Трамп веќе платил 10 пати по 1.000 долари, што е максимална парична казна, а судот може да изрече казна до 30 дена зад решетки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СЕ УРНА ХЕЛИКОПТЕРОТ НА ЛИДЕРОТ НА ИРАН!…

Хеликоптерот со иранскиот претседател Ебрахим Раиси доживеа…

Мицотакис ја повикува Сиљановска Давкова да избегне…

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, преку интервјуто за…

Таравари: Сѐ уште е рано за да…

Колку министерства ќе води Коалицијата „Вреди“ во…

Мицкоски: Ќе водиме принципиелна политика со соседите

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и иден мандатар Христијан…

Носете си чадор: Поројни дождови и следнава…

До среда ќе се задржи нестабилно време,…