Трамп и Рубио размислуваат да ја разрешат амбасадорката во Грција, Кимберли Гилфојл
## Трамп и Рубио размислуваат да ја сменат американската амбасадорка во Грција
Американскиот претседател Доналд Трамп и државниот секретар Марко Рубио размислуваат да ја разрешат амбасадорката на САД во Грција, Кимберли Гилфојл, по серијата извештаи за наводно несоодветно однесување пред и за време на нејзиниот мандат во Атина, објави Асошиејтед прес.
Висок американски функционер изјавил дека Трамп и Рубио се исклучително незадоволни од наводите и дека одлука за нејзината иднина би можела да биде донесена во текот на оваа недела.
„Волстрит џурнал“ претходно објави дека Гилфојл наводно побарала од донатор и поддржувач на Трамп да плати сметка од 100.000 долари на нејзината кредитна картичка, при што, според објавените пораки, му нудела пристап до високи претставници на администрацијата. Донаторот не ја платил сумата.
Во други извештаи се наведуваат и наводи дека Гилфојл прифаќала несоодветни подароци и услуги, ги промовирала интересите на одредена грчка компанија и се фалела со луксузни патувања финансирани од грчки бизнисмени. Нејзините адвокати ги отфрлаат обвинувањата и тврдат дека таа не сторила ништо незаконски.
Според американски функционер, канцеларијата на генералниот инспектор на Стејт департментот ги разгледува наводите, додека повеќе демократски членови на Конгресот веќе побараа официјална истрага.
Гилфојл е поранешна водителка на „Фокс њуз“ и обвинителка во Калифорнија, а во минатото беше свршена со синот на Трамп, Доналд Трамп Џуниор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп и Рубио размислуваат да ја разрешат…
## Трамп и Рубио размислуваат да ја…
(Видео) Скандал околу адвокатот на Ива Михајлова:…
Бугарскиот адвокат Николај Димитров, кој ја застапува…
Доцни мечот на Ал Наср, светот се…
Мечот помеѓу тимот на Ал Нарс, за…
ЕУ подготвува построги визни правила за руските…
Европската комисија ги финализира плановите за дополнително…
Ријад под закана: Бин Салман во обезбедувани…
Сè пожестокиот конфликт со Хутите во Јемен…