Објавено на:

Трамп: Кина и Русија не го снабдуваат Иран со оружје

t

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не верува оти Кина или Русија го снабдуваат Иран со оружје, наведувајќи дека добил уверувања од лидерите на двете земји.

Во објава на социјалната мрежа „Трут соушал“, Трамп напиша дека кинескиот претседател Си Џинпинг, за време на нивната неодамнешна средба во Пекинг, му рекол дека Кина „под никакви околности“ нема да испорачува или продава оружје на Исламската Република Иран, ниту тоа ќе го прават кинеските компании.

„Со оглед на нашиот однос, му верувам на неговиот збор“, напиша Трамп, додавајќи дека прави „многу големи услуги“ за Кина.

Тој наведе дека и рускиот претседател Владимир Путин му порачал оти Москва нема да му продава оружје на Иран.

„Тој разбира дека јас не ѝ продавам оружје на Украина, туку на земјите членки на НАТО. Тие плаќаат полна цена, а каде понатаму ќе биде распоредено тоа оружје, не знам“, напиша Трамп.

Американскиот претседател оцени дека доколку Кина и Русија навистина учествуваат во снабдувањето на Иран со оружје, тоа би било спротивно на нивните интереси.

Неговите изјави доаѓаат неколку дена откако американскиот министер за одбрана Пит Хегсет, на сослушување во Сенатот, изјави дека Кина и Русија „на различни нивоа“ овозможуваат дел од активностите на Иран за време на војната. Хегсет не изнесе дополнителни детали, наведувајќи дека природата и обемот на тие активности треба да останат доверливи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп: Кина и Русија не го снабдуваат…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не…

Шпанија првпат прогласи национална вонредна состојба поради…

Шпанија првпат прогласи национална вонредна состојба поради…

За секој убиен Евреин, на непријателот мора…

Изарелскиот министер за национална безбедност Итамар Бен-Гвир…

УЈП ги чешла издавачите на апартмани

Управата за јавни приходи почна засилени контроли…

Падна снег на Пелистер среде лето

Денеска на планината Баба, на врвот Пелистер…