Објавено на:

Трамп „миротворецот“: Си ми вети дека Кина нема да го нападне Тајван за време на мојот мандат

t

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговиот кинески колега Си Џинпинг му рекол дека Кина нема да го нападне Тајван додека тој е на функција.

Трамп ова го кажа во интервјуто за Фокс њуз, по разговорот со рускиот претседател Владимир Путин за руската инвазија на Украина.

„Ќе ви кажам, знаете, имате многу слична работа со претседателот Си за Кина и Тајван, но не мислам дека постои можност тоа да се случи додека сум тука. Ќе видиме“, рече Трамп за време на интервјуто за Фокс њуз.

„Тој ми рече дека никогаш нема да го направам тоа додека сте претседател. Претседателот Си ми го кажа тоа,на што јас одговорив дека го ценам тоа. Но, тој, исто така, ми рече: Јас сум многу трпелив, а Кина е многу трпелива“, додаде Трамп.

Кина го смета Тајван за своја територија и вети дека ќе го „обедини“ демократскиот и одделно управуван остров, со сила доколку е потребно.

Кинеската амбасада во Вашингтон вчера го опиша прашањето за Тајван како „најважното и најчувствително прашање“ во односите меѓу Кина и САД.

„Владата на САД треба да се придржува до принципот на една Кина и трите заеднички коминикеа меѓу САД и Кина, разумно да се справува со прашањата поврзани со Тајван и сериозно да ги заштитува односите меѓу Кина и САД, како и мирот и стабилноста во Тајванскиот теснец“, изјави портпаролот на амбасадата, Лиу Пенгју.

Иако Вашингтон е главен снабдувач со оружје на Тајван и меѓународен поддржувач, САД – како и повеќето земји – немаат формални дипломатски врски со островот.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп „миротворецот“: Си ми вети дека Кина…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговиот…

Скопјанка превезувала мигранти од Египет – лишена…

Лишена од слобода скопјанка поради криумчарење мигранти,…

(Видео) Ангелов: Овде ни пинц не се…

Со лопати, стапови, гранки во рацете и…

Орбан: Средбата Путин-Трамп ја зајакна меѓународната безбедност

Унгарскиот премиер Виктор Орбан верува дека средбата…

Блокадерите и влетаа на Карлеуша среде концерт…

Концертот на Јелена Карлеуша во Лозница беше…