(Видео) Ангелов: Овде ни пинц не се качува, само диви кози и четата на Цветко од Рогачево – цела ноќ се гаснел пожарот во Јажинце
Со лопати, стапови, гранки во рацете и светилки на главите седуммина доброволци од Рогачево заедно со екипите на Дирекцијата за заштита и спасување, пожарникари, полициски хеликоптери… храбро и по полноќ се бореа со големиот пожар кој го зафати селото Јажинце, општина Јегуновце, а кој вчера повторно се реактивира.
„Благодарение на четата на Цветко од Рогачево со овие храбри луѓе успеавме да изгасиме една цела линија во текот на ноќта, а некаде е околу 1 и 30 по полноќ. Го гасевме пожарот кој ќе се симнеше сигурно до патот и ќе направеше големи неприлики. Ви благодарам од мое име и од името на Дирекцијата за заштита и спасување.“, вели во видеото директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов за пожарот кај Јажинце.
Ова видео кое утрово го објави ДЗС ја покажува храброста на оние кои на терен се борат со големите однови, но и хуморот кој постојано е присутен кај Ангелов, а со кој тој на свој начин умешно успева да ја доближи реалноста до јавноста.
Директорот на ДЗС додека го снима видеото во ноќните часови, заедно со уште неколкумина од екипата, во раце држат гранки. Во негов хумористичен стил, по храброто гасење на пожарот Ангелов со насмевка ги прашува волонтерите: „А со што гасевме“? На ова сите со насмевка му одговараат: „Со гранки“. Ангелов на крајот додава дека на местото каде што се наоѓаат ни пинц не се качува (мислејќи на пинцгауерите, доносно пожарникарските возила), туку се качуваат само диви кози и четата на Цветко од Рогачево.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ТРАМП НАЈАВУВА МОЖНО ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ВОЈНАТА СО…
Американскиот претседател Доналд Трамп вечерва испрати ново…
Мерц повика на единство на владејачката коалиција…
Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска повика на…
Бразил пред тесен изборен финиш: Болсонаро со…
Бразил во недела, на 25 октомври, избира…
Вашингтон барал од Маск да го вклучува…
Администрациите на Џо Бајден и Доналд Трамп…
Хутите тврдат дека извршиле голем напад врз…
Јеменските Хути соопштија дека извршиле широка операција…