Објавено на:

Трамп му нареди на Пентагон да ги намали заедничките воени вежби со Јужна Кореја оти тој има добар однос со Ким

t

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера нареди значително намалување на претстојните заеднички воени вежби со Јужна Кореја, повикувајќи се на својот „многу добар однос“ со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун. Трамп исто така навести дека годишните вежби со јужнокорејските сили би можеле на крајот целосно да се укинат.

„Не сум задоволен од фактот што САД одамна се согласија да учествуваат во заеднички воени вежби со Јужна Кореја“, напиша Трамп на својата платформа Трут соушал. „Овие вежби не само што се скапи, при што голем дел од трошоците ги покриваат САД (како и обично!), туку испраќаат и сигнал што е целосно несоодветен и непријателски кон земја која, во текот на целиот мандат на Доналд Џ. Трамп како претседател, не претставуваше закана и се однесуваше со почит“, додаде тој. „Затоа, и имајќи предвид дека е предоцна за откажување, му наложив на министерот за одбрана, Пит Хегсет, значително да ги намали заедничките воени вежби!“. Трамп рече и дека Јужна Кореја не сака да учествува во процесот на „денуклеаризација“ насочен против Иран.

САД и Јужна Кореја се блиски воени сојузници.Недолго по објавата на Трамп за намалување на заедничките воени вежби со Јужна Кореја, маневрите, според наводите од Сеул, започнале според планот. Портпаролот на Министерството за одбрана на Јужна Кореја објави дека вежбите се одржуваат без промени.

Заедничката воена вежба „Улчи слободарски штит“ трае единаесет дена. Во неа учествуваат 18.000 јужнокорејски војници. Според владини претставници, фокусот на вежбата е на одбрана од беспилотни летала и кибер напади, како и на спротивставување на блокирање на џи-пи-ес сигналот. Целта е да се подготват вооружените сили за сѐ поголемите воени способности на Северна Кореја.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски се надева дека резултатите од американските…

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека се…

Евромбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот…

Амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Михалис…

Иран објави информација за три опожарени бродови…

Два танкера и реморкер се опожарени во…

Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…

Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…

Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…

Во рамки на работната посета на Берлин,…