Трамп: Му реков на Зеленски – сакам да ја заврши војната
Претседателот на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп изјави дека за време на состаникот со претседателот на Украина Володимир Зеленски му порачал дека сака војната да заврши што поскоро.
„Беше добро. Тој си ја работи својата работа. Би сакал да ја заврши војната. Тоа е многу едноставно. Добро се согласувам со двајцата. Добро се согласувам со претседателот Путин, добро се согласувам со претседателот Зеленски. Како што му реков, сакам да ја завршам војната. Завршете ја војната“, рече Трамп.
Тој додаде дека, според него, минатиот месец во војната загинале 25.000 луѓе.
„Тоа е неприфатливо. Затоа реков: завршете ја војната“, порача Трамп.
На новинарско прашање за ветувањето на кинескиот претседател Шји Џинпинг дека нема да испорачува оружје на Иран, како и за извештаите дека Техеран добива 400 ракетни ласери од Кина, Трамп одговори дека таквите информации би го изненадиле.
„Тоа би било изненадувачко. Ми рече дека нема да учествува во тоа. Знае дека би било мошне разочаран“, рече претседателот на САД.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вицепремиерот на Баварија е најден мртов во…
Полицијата во Берлин ја истражува ненадејната смрт…
Северна Кореја ѝ порача на ЕУ да…
Северна Кореја остро реагираше на нацрт-резолуцијата на…
Бомбени закани над Европа: Три авиони на…
Три патнички авиони на „Рајанер“ (Ryanair), кои…
Уапсен е Предраг Вулетиќ, покраински секретар во…
Покраинскиот секретар за социјална политика, демографија и…
Димитриеска-Кочоска: Банкарскиот сектор во земјата е стабилен,…
Банкарскиот сектор во земјата е стабилен и…