Трамп најавува дека ќе стави крај на трансродовиот делириум во САД
Доналд Трамп, кој ќе ја преземе функцијата претседател на САД за помалку од еден месец, рече дека сака да го запре трансродовиот делириум во САД на првиот ден од неговото претседателствување. Говорејќи пред конзервативните поддржувачи во Феникс, Аризона, Трамп рече дека откако ќе положи заклетва како претседател на 20 јануари, ќе потпише извршни наредби со кои „ќе се стави крај на сексуалното осакатување на децата и ќе се исклучат трансродовите лица од војската и училиштата“.
„Официјалната политика на САД ќе биде да има само два пола – машки и женски“, нагласи тој.
Трамп, исто така, вети во Феникс дека ќе потпише серија извршни наредби за затворање на границата за илегалните имигранти и запирање на инвазијата што се врши врз САД. На денот на неговата инаугурација, Трамп вети дека ќе ја започне најголемата операција за протерување илегални имигранти во историјата на САД.
„20-ти јануари навистина ќе биде денот на ослободувањето на Америка“, рече Трамп. Тој вети дека ќе стави крај на војната во Украина, ќе го запре хаосот на Блискиот Исток и ќе го спречи избувнувањето на Третата светска војна, но не навлезе во детали за тоа како ќе ги спроведе своите планови.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп најавува дека ќе стави крај на…
Доналд Трамп, кој ќе ја преземе функцијата…
Трамп: Апсолутно е неопходно Америка да ја…
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп смета дека…
Бајден одобри пакет воена помош за Тајван
Американскиот претседател Џо Бајден одобри нов пакет…
Зеленски: Европа не може да ја спаси…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика Европејците…
Бајден: Секако дека ќе присуствувам на инаугурацијата…
Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека ќе…