Објавено на:

Трамп: На американските банки не им е дозволено да работат во Канада

t

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска на социјалната мрежа Трут Сошл напиша дека на американските банки не им е дозволено да работат во Канада, додека банките од таа земја слободно го преплавуваат американскиот пазар.

Шеснаесет американски банки во моментов работат во Канада, објави претходно Канадското банкарско здружение.

„Овие банки се специјализирани за низа финансиски услуги, вклучувајќи корпоративно и комерцијално кредитирање, трезорски услуги, производи со кредитни картички, инвестициско банкарство и хипотекарно финансирање“, се вели во соопштението.

Се додава дека овие банки не ги опслужуваат само клиентите со прекугранични деловни активности, туку и канадскиот домашен пазар на мало.

„Американските банки сега имаат половина од сите средства на странски банки во Канада“, соопшти здружението.

Денеска стапија на сила новите царини од 25 отсто што ги воведе американскиот претседател Доналд Трамп за увоз од Мексико и Канада, заедно со удвојување на царините за кинески стоки на 20 отсто, што доведе до нови тензии меѓу САД и нивните три најголеми трговски партнери.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русија го повтори барањето НАТО да се…

Русија повторно бара НАТО да ги повлече…

Почина Агрон Мемеди, поранешен репрезентативец и член…

Македонскиот фудбал денеска гоп погоди тажната вест…

Мицкоски: Реформската агенда и клучните законски решенија…

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата интензивно…

„КИКИ ГО ЧУВАШЕ НАШИОТ БОЛЕН СИН, БЕШЕ…

Потресна исповед на семејство од Загреб открива…

Родителите од Тетово револтирани од состанокот кај…

Родителите на нападнатите деца во Тетово се…