Објавено на:

Трамп: Нема преговори со Иран, Ормускиот Теснец е отворен

t

Американскиот претседател Доналд Трамп тврди дека во моментов нема никакви преговори со Иран, ниту пак се планираат разговори меѓу Вашингтон и Техеран. Во исто време, тој порача дека Ормускиот Теснец е отворен и дека поморската блокада продолжува.

Трамп информацијата ја објави на својата платформа Truth Social, наведувајќи дека меѓу САД и Иран нема ниту преговори ниту договорени средби. Според него, поморската блокада и натаму е целосно активна, додека Ормускиот Теснец е „отворен и функционален“.

Тој додаде дека сите морски мини во подрачјето биле отстранети или уништени.

Од Техеран, сепак, пристигнува сосема поинаква порака. Главниот ирански преговарач Мохамад Багер Калибаф изјавил за иранските државни медиуми дека Теснецот ќе остане затворен сè додека САД не ги исполнат условите од привремениот договор постигнат во јуни.

Калибаф пред иранскиот парламент ги навел условите што, според Техеран, треба да бидат исполнети. Меѓу нив се укинување на американската блокада на иранските пристаништа, повлекување на санкциите врз иранската нафта, одмрзнување на иранскиот имот, како и прекин на воените закани и операции на сите фронтови.

Така, Вашингтон и Техеран во моментов испраќаат спротивставени пораки за состојбата во Ормускиот Теснец – Трамп тврди дека тој е отворен и функционален, додека Иран условува негово повторно отворање со исполнување на конкретни барања од страна на САД.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Евромбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот…

Амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Михалис…

Иран објави информација за три опожарени бродови…

Два танкера и реморкер се опожарени во…

Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…

Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…

Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…

Во рамки на работната посета на Берлин,…

(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…

На социјалните мрежи се појавија информации и…