Трамп: Не ни е потребен договор со Иран за да добиеме збогатен ураниум од кај нив, тоа можевме вендаш да го добиеме
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека на Вашингтон не му е потребен договор со Иран за да добие збогатен ураниум од таа земја.
„Можевме веднаш да го добиеме. Не мислам дека би можеле да нè спречат ако сакаме да го добиеме, но нема причина за тоа. Ураниумот е закопан“, изјави тој пред новинарите во Овалната соба, според Ројтерс.
Трамп, исто така, рече дека не сака да се сретне со врховниот лидер на Иран, Моџтаб Хамнеи, но дека доколку Вашингтон и Техеран постигнат договор, можно е тој да се сретне со него.
„Ако тоа се случи, би покажал почит“, рече американскиот претседател.
Трамп претходно изјави дека САД на крајот ќе ги преземат залихите од високо збогатен ураниум на Иран, и покрај пораките од Техеран дека Иран нема да го предаде материјалот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп: Не ни е потребен договор со…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека на Вашингтон…
ДУИ: Катастарот ја открива имотно-правната врска меѓу…
Демократската унија за интеграција преку соопштение објавува…
Пленковиќ бара решавање на билатералните прашања пред…
Црна Гора е најсериозен кандидат за нова…
„САД можат само да сонуваат“, рече сестрата…
Сестрата и заменик-претседателката на севернокорејскиот претседател Ким…
Полицијата во лов на дрога: За 24…
Осум лица се лишени од слобода на…