Трамп: Не се плашам дека ќе завршам во затвор
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп денеска изјави дека не се плаши да заврши во затвор бидејќи, како што наведе, кривичната постапка против него е лажна.
Мислам дека тоа нема да се случи. Секој случај е измама“, рече Трамп во интервјуто со водителот Глен Бек.
Тој додаде дека го прогонуваат „лоши и болни луѓе“.
„Сега имам повеќе поддржувачи од кога било“, рече Трамп.
На прашањето на новинарите дали жали што не ја уапсил Хилари Клинтон додека беше претседател, како и дали ќе апси луѓе ако се врати во Белата куќа, Трамп рече: „Одговорот е дека немаме друг избор, бидејќи тие тоа ни го прават на нас.”.
Против поранешниот американски претседател годинава се поднесени четири обвиненија, од кои две се однесуваат на наводен обид за поништување на резултатите од изборите во 2020 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хрватска ќе издвојува поголем буџет за одбрана…
Хрватска планира да ги зголеми средствата за…
Владата го одобри Бесник Ферати за заменик-директор…
На денешната седница, Владата го одобри назначувањето…
Кузеска: Рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ паѓа
Бидејќи и вака се пласира од страна…
Трамп: Израел нема капацитет да го уништи…
Американскиот претседател Доналд Трамп вели дека „секогаш…
Мелони објави дека достигнала 4 милиони следбеници…
Премиерката на Италија, Џорџа Мелони, денес објави…