Трамп: Обвинение против мене дополнително ќе ја уништи Америка
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп денеска објави дека неговите адвокати имале „продуктивна средба“ со претставници на Министерството за правда, додавајќи дека обвинението против него „понатамошно ќе ги уништи“ САД.
„Моите адвокати утрово имаа продуктивен состанок со Министерството за правда, каде детално објаснија дека не сум направил ништо лошо и дека обвинението против мене само дополнително ќе ја уништи нашата земја“, напиша Трамп на својата социјална мрежа „Truth Social“.
Тој додаде дека за време на средбата не му било дадено предупредување на неговиот тим.
„Не верувајте во лажни вести“, рече Трамп, кој се бори за номинација на републиканците на претседателските избори во САД во 2024 година.
Американските медиуми претходно објавија дека адвокатите на Трамп се сретнале со претставници на Министерството за правда и специјалниот истражител Џек Смит, на денот кога ќе се состане големата порота за да ги испита обидите на поранешниот претседател да го поништи неговиот пораз на претседателските избори во 2020 година.
Американската телевизија NBC објави дека тимот на Трамп бил информиран дека тој ќе биде обвинет.
На 18 јули Трамп објави дека добил писмо од Смит во кое се наведува дека тој е цел на неговата истрага, која се однесува на настаните што доведоа до упадот на Капитол од поддржувачите на Трамп на 6 јануари 2021 година, пренесува Танјуг.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ФБИ нуди награда за информации поврзани со…
Федералното истражно биро на САД (ФБИ) понуди…
Амбасадата на САД во Приштина му се…
В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…
Познато е кој ја уби демократската претставничка…
Осомничениот за атентатот и обидот за атентат…
Путин и Трамп разговарале за конфликтот меѓу…
Рускиот претседател Владимир Путин разговарал по телефон…
УЖАС во САД: Убиени пратеничка на демократите…
Минесота е во шок откако државната претставничка…