Објавено на:

Трамп: Ова беше монтиран, срамен судски процес, вистинската пресуда ќе биде на 5 ноември од народот

t

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп се огласи откако беше прогласен за виновен по 34 точки од обвинението за фалсификување деловни книги.

„Ова беше монтиран, срамен судски процес, вистинската пресуда ќе биде на 5 ноември од народот“, рече тој.

Потоа додаде дека не направил ништо лошо.

„Јас сум многу невин човек и тоа е во ред. Се борам за нашата земја“, додаде тој.

– Кај нас во моментов се е местенка. Тоа го направи администрацијата на Бајден за да повреди или уништи политички противник – додаде тој.

Сепак, Трамп не застана тука.

– Ќе продолжиме да се бориме, ќе се бориме до крај и ќе победиме затоа што нашата земја отиде во пеколот. Немаме иста држава, имаме поделен хаос. Ќе се бориме за нашиот Устав, ова уште долго не е готово – рече тој пред судницата на Менхетен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Светско признание за „Безбеден град“ – Тошковски…

Македонскиот проект за унапредување на сообраќајната безбедност…

Почна вакцинацијата на овците и козите против…

Масовната вакцинација на овците и козите против…

Изградивме блиски врски со грчката полиција, заедно…

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар…

Голема акција на МВР во Макстил!

Екипи на МВР по наредба за Основното…

Мајка си го продала бебето во Грција,…

Две жени во Грција се соочуваат со…