Трамп: Одлуката за Иран доаѓа многу наскоро
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека очекува да донесе одлука за Иран многу брзо, откако двете земји одржаа разговори во Оман во саботата.
„Се сретнав со советници во врска со Иран. Очекувам дека ќе донесеме одлука за тоа многу брзо“, им рече Трамп на новинарите за време на летот на Аир форс, пренесува Ројтерс.
Разговорите меѓу Техеран и Вашингтон во Оман за иранската нуклеарна програма беа оценети како позитивни и конструктивни.
Американскиот претседател Трамп подоцна изјави дека не сака да ги коментира преговорите додека не се завршат, но оти верува дека тие одат во вистинска насока.
Порталот Аксиос, повикувајќи се на извори запознаени со ова, објави дека следната рунда разговори треба да се одржи следната сабота во Рим.
САД сакаат Иран да се откаже од својата нуклеарна програма, додека Техеран тврди дека неговата нуклеарна програма е мирна.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хаос во авиосообраќајот: Прекини на радарите и…
Американската Федерална управа за воздухопловство (ФАА) во…
Прекини во комуникациите ги погодија полицијата, аеродромите…
Голем глобален дефект во системите на „Мајкрософт“…
Прекин на метеоролошкиот радарски портал низ САД,…
Американската Национална метеоролошка служба (NWS) соопшти дека…
Сите авиони приземјени: ФАА ги запре полетувањата…
Американската Федерална управа за авијација (ФАА) во…
Големо признание за Тамара Котевска – гран…
Македонската режисерка Тамара Котевска освои уште едно…