Објавено на:

Трамп оптимист: „Наскоро средба меѓу Зеленски и Путин, би можеле да постигнеме голем напредок“

t

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека очекува наскоро да се одржи средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски, изразувајќи верување дека може да се постигне голем напредок.

„Остваруваме огромен напредок со Русија и Украина. Наскоро ќе има средба“, им рече Трамп на новинарите во воздухопловната база „Ендрјуз“, во близина на Вашингтон, по враќањето од Тексас, објави „Ројтерс“.

На прашањето со кого е планирана средбата, Трамп одговори: „Со претседателот Путин и претседателот Зеленски“.

„Средбата ќе биде организирана многу наскоро и мислам дека би можеле да постигнеме голем напредок“, им рече Трамп на новинарите.

Тој не го прецизираше датумот или местото на средбата, а ниту Киев ниту Москва јавно не потврдија дека двајцата лидери се согласиле да се сретнат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп со порака до Иран: Време е…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговото…

Трамп ја откажа посетата на американските претставници…

Претседателот на САД, Доналд Трамп, во саботата…

(Видео) Трамп: Тие ја нарекуваат војна, ние…

Американскиот претседател Доналд Трамп го нарече лидерот…

Сопругот на косовската претседателка предлага изградба на…

Сопругот на претседателката на Косово, Приндон Садриу,…

Путин по разговорот со Трамп одржа состанок…

Рускиот претседател Владимир Путин одржа состанок со…