Трамп остро: Диктатор без избори, Зеленски е подобро да си оди побрзо или ќе остане без држава

t

Американскиот претседател Доналд Трамп остро го критикуваше украинскиот претседател Володимир Зеленски, нарекувајќи го „диктатор“ кој ризикува да ја изгуби својата земја доколку „не се замине брзо“.

Во својата најжестока критика на украинскиот лидер до сега, Трамп на својата платформа Truth Social на 19 февруари напиша: „Диктатор без избори, Зеленски е подобро да си оди побрзо или ќе остане без држава“.

Уставот на Украина забранува одржување на избори во воена состојба, која беше воведена кога Русија ја започна својата целосна инвазија во февруари 2022 година и продолжува до ден-денес со постојаното продолжување.

Петгодишниот мандат на Зеленски требаше да заврши во мај 2024 година по изборите во март, а Путин рече дека нема да преговара со украинскиот претседател бидејќи нема да има овластување да потпише мировен договор.

Според Трамп, Зеленски сака да ќари со малку влог, веројатно мислејќи на помошта од Западот.

„Ја сакам Украина, но Зеленски направи ужасна работа, неговата земја е уништена, а милиони непотребно загинаа“.

Изјавата на Трамп доаѓа неколку часа откако Зеленски ја повтори загриженоста за американско-руските разговори одржани во Саудиска Арабија за ставање крај на тековната инвазија на Москва на Украина, започната пред речиси три години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…

Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…

Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…

Во рамки на работната посета на Берлин,…

(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…

На социјалните мрежи се појавија информации и…

Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…

Во 2027 година возилата на Министерството за…

Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…

Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…