Трамп открива: „Се договорија, ќе ги прекинат нападите“
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Русија и Украина се договориле да ги прекинат нападите врз енергетските цели на другата страна.
„Украина се согласи да не ги напаѓа руските енергетски цели. Русија се согласи да го стори истото“, напиша Трамп на својата платформа за социјални медиуми, „Трут соушал“.
Истовремено, Трамп оцени дека порастот на глобалните цени на дизелот првенствено се должи на војната меѓу Русија и Украина, а не на конфликтот на Блискиот Исток.
„Зеленски мора да направи една работа. Мора да престане да го уништува дизел-горивото во Русија“, рече Трамп за време на посетата на Ирска.
Американскиот претседател оцени дека Украина може да напаѓа други цели, но треба да ги избегнува руските капацитети за производство на дизел, бидејќи таквите напади – според него – придонесуваат за недостиг на гориво и раст на цените.
Кремљ подоцна го поздрави повикот на Трамп до Киев да ги прекине нападите врз енергетската инфраструктура и капацитетите поврзани со производството на дизел.
Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, изјави дека треба да се поздрави „секој повик упатен до режимот во Киев да престане со нападите врз цивилната економска инфраструктура“.
Сепак, Песков одби да одговори дали Русија е подготвена да се воздржи од напади врз економската инфраструктура на Украина, пренесува „Танјуг“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп открива: „Се договорија, ќе ги прекинат…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Русија…
МЗ иницира вонреден инспекциски надзор за третманот…
Министерството за здравство со внимание ги следи…
Вучиќ: Ќе поднесам оставка на 27 септември
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва изјави…
Мицкоски: Деморкатијата е на високо ниво
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски…
Нови експлозии го потресоа Ормутскиот теснец –…
Нови силни експлозии се слушнале денеска во…