Објавено на:

Трамп: Побарав од Путин да ја прекине воената агресија во дел од Европа

t

Претседателот на САД Доналд Трамп изјави дека на неодамнешната средба со рускиот претседател Владимир Путин побарал прекин на руската воена агресија во дел од Европа.

– За време на мојот разговор во Кина со рускиот претседател Владимир Путин посветив многу време разговарајќи за тоа како би сакал претседателот Путин да ја прекине секоја воена агресија врз териториите во Европа, со надеж дека Русија и Украина можат да постигнат договор – и тоа бргу, објави Трамп на сопствената платформа „Трут соушл“ (Truth Social).

Тој посочи дека „верува оти постои голема можност“ за постигнување мировен договор помеѓу Русија и Украина.

– Илјадници луѓе умираат секој месец, ЦЕЛОСЕН МАСАКР, а постигнувањето на ова би било голема заслуга за сите вклучени!, наведе Трамп.

Тој додаде дека за разговорите со Путин во Кина го информирал и генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, со кого имаше средба синоќа во неговата резиденција во Мар-а-Лаго.

Трамп се огласи по низата инциденти од почетокот на неделата кога руски проектили и дронови за време на нападите врз Украина го нарушија полскиот воздушен простор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп: Побарав од Путин да ја прекине…

Претседателот на САД Доналд Трамп изјави дека…

Чупиќ за германска телевизија: Разочаран сум од…

Претседателот на Собранието на Србија, Александар Чупиќ,…

Двајца Албанци обвинети за кражба на манжетни…

Судот на Велика Британија соопшти дека двајца…

Охриѓанец попладнево си го запалил станот, 8…

На 26.11.2026 година, полициски службеници од полициската…

Захарова:„Зеленски се обидува да предизвика конфликт меѓу…

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи,…