Трамп: Подобро е Иран да преговара за фер договор
Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека е подобро властите во Иран да продолжат да преговараат со САД.
Кога беше прашан на прес-конференција во Белата куќа дали има порака за народот на Иран, Трамп рече дека е „подобро иранските власти да преговараат за фер договор“, пренесува Ројтерс.
Тој додаде дека народот на Иран е многу различен од своите лидери и дека жали за она што режимот ѝ го направил на нивната земја. Трамп ја предупреди иранската влада дека е „подобро да преговара за фер договор“, а воедно да се разгледа и употребата на воена сила, како што повеќе пати најави. Во Женева, на 17 февруари, беа одржани индиректни преговори меѓу делегациите на САД и Иран за иранската нуклеарна програма, додека првата рунда разговори се одржа во Оман на 6 февруари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бесент: Иран се соочува со историски економски…
Иранската економија се соочува со еден од…
САД разгледуваат намалување на военото присуство во…
Намалувањето на американското воено присуство во Европа…
Зеленски: САД презентирале опција за повлекување на…
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека американските…
САД ја укинаа забраната за летови, се…
Федералната управа за воздухопловство на САД (ФАА)…
Трамп ќе се сретне со Путин и…
Белата куќа денеска потврди дека американскиот претседател…