Трамп: Полесно ќе ја победам Харис, отколку Бајден
Републиканскиот кандидат за претседател на САД, Доналд Трамп, синоќа изјави дека мисли оти ќе му биде полесно да ја победи демократската кандидатка Камала Харис отколку претседателот Џо Бајден, иако некои анкети покажуваат дека таа има мала предност во претседателската трка на 5 ноември, пренесоа британските медиуми.
Поранешниот претседател Трамп ги даде забелешките на митингот во Вилкс-Баре во североисточна Пенсилванија.
Потпретседателката Харис, пак, ќе направи автобуска обиколка на Западна Пенсилванија, која ќе започне денеска во Питсбург, пред утре да започне Демократската национална конвенција во Чикаго.
– Мислам дека таа ќе биде полесно да се победи од него, рече Трамп, нарекувајќи ја Харис „радикална“ и „луда“.
Тој, исто така, продолжи лично да ја напаѓа Харис, иако некои политички аналитичари велат дека ваквите коментари може да му наштетат на Трамп меѓу гласачите.
– Дали ја слушнавте нејзината смеа? Тоа е смеа на луда личност, рекол Трамп и додал дека не е задоволен од илустрацијата на Харис на насловната страница на најновото издание на магазинот „Тајм“. „Јас изгледам многу подобро од неа“, додаде Трамп.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Амбасадата на Иран во Атина ја демантираше…
Амбасадата на Иран во Атина денеска ги…
Уапсени четири лица за детска порнографија во…
Во акција на полицијата на Република Српска,…
49-годишен скопјанец силувал дете под 15 години
Кривична пријава за силување на дете помладо…
Пронајдени пет мигранти од Непал во возило…
Пет мигранти од Непал биле пронајдени во…
Речиси пет години биле хакирани државните мрежи…
Меѓународни хакерски групи речиси пет години имале…