Трамп по разговорот со Путин: Не сум задоволен од состојбата со Украина
Американскиот претседател Доналд Трамп по разговорот со рускиот лидер Владимир Путин изјави дека не е задоволен од ситуацијата во Украина и дека верува дека нема напредок.
„Разговаравме. За време на овој прилично долг разговор, разговаравме за многу работи, вклучително и за Иран. Разговаравме и за конфликтот во Украина и не сум задоволен (од ситуацијата)“, изјави Трамп пред новинарите во воздухопловната база Ендрус. Според него, нема напредок во решавањето на кризата. Трамп истакна дека САД продолжуваат да испорачуваат оружје во Украина и покрај намалувањето на американските испораки.
„Даваме оружје, но дадовме толку многу оружје, но даваме оружје и работиме со нив и се обидуваме да им помогнеме. Но, мора да се осигураме дека имаме доволно… Знаете, (поранешниот американски претседател Џозеф) Бајден ја уништи нашата сопствена земја“, нагласи Трамп.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп ја зазема страната на Русија против…
Пензионираниот американски генерал-потполковник Бен Хоџис го обвини…
Трамп изјави дека Украина мора да сака…
Американскиот претседател Доналд Трамп ја повика Украина…
Администрацијата на Трамп ја одложи испораката на…
Администрацијата на Трамп не го одобри трансферот…
Кличко: Украина никогаш нема да се предаде
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, синоќа упати…
Венс: Украина не треба да биде членка…
Украина не треба да биде членка на…