Трамп протерува над 500.000 мигранти
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ќе го укине привремениот правен статус за престој во државата на 530.000 мигранти од Куба, Хаити, Никарагва и Венецуела, објави вчера сојузниот регистар, што е најнов чекор во серијата мерки на американскиот претседател за имиграцијата.
Мерката стапува на сила на 24 април, а со неа се скратува двегодишната привремена дозвола за влез по воздушен пат во земјата на оние мигранти кои имаат американски спонзори, што им беше доделена од администрацијата на претходниот претседател Џо Бајден.
Исто така, Трамп на 6 март рече дека „многу наскоро“ ќе одлучи дали да го одземе тој статус на околу 240.000 Украинци кои избегале во САД за време на конфликтот со Русија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп ќе се сретне со Путин и…
Белата куќа денеска потврди дека американскиот претседател…
Не им требаат било какви работници –…
Европскиот пазар на труд се соочува со…
Денес се празнуваат Светите Козма и Дамјан
Бесребреници и чудотворци. Браќа по тело и…
За влакно избегната трагедија во Битола: Излог…
Силен ветер предизвика сериозни штети во Битола.…
Бомба пронајдена во центарот на Даблин, во…
Експерти за експлозивни направи од ирската армија…