Трамп: САД мора да го имаат Гренланд, ако ЕУ и Данска не го разбираат ова, ќе им објасниме
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска им рече на новинарите во Белата куќа дека САД „мора да го имаат Гренланд“ поради глобалната безбедност.
„Ни треба Гренланд“, рече претседателот. „Што е многу важно за меѓународната безбедност мора да го имаме Гренланд. Не е прашање дали можеме без него. Не можеме.
Трамп тврдеше дека американската контрола над Гренланд е прашање на мир „за целиот свет“, а не само за Соединетите Држави, пренесува „CNN“.
„Видете, имате воени бродови насекаде, кои минуваат покрај Гренланд. Ние нема да го дозволиме тоа“, додаде Трамп.
„Ако ЕУ и Данска не го разберат ова, ќе мораме да им објасниме“.
Трамп рече дека верува оти Данска и Европската унија ја разбираат неговата позиција за важноста на територијата, но предупреди: „А ако тие не го разберат, ќе мораме да им објасниме“.
Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс и неговата сопруга денеска ја посетуваат полуавтономната данска територија, со што Венс е првиот американски потпретседател кој го посетил Гренланд.
„Тие ќе бидат добри претставници на нашата земја“, рече Трамп.
Гренландските политичари постојано јасно ставаат до знаење дека се против анексијата, а данската премиерка Мете Фредериксен го повика Трамп да ги почитува „фундаменталните правила на суверенитет“.
Анкетата спроведена од дневен весник во јануари покажа дека 85 отсто од Гренландците не сакаат да станат дел од САД, а речиси половина од анкетираните рекле дека интересот на Трамп претставува закана, објави Ројтерс.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кушнер: САД работат на најголема размена на…
Специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп…
Седум од десет Европејци сакаат ЕУ да…
Околу 71 отсто од Европејците сакаат Европската…
Американските пратеници Кушнер и Виткоф пристигнаа во…
Американските пратеници Џаред Кушнер и Стив Виткоф…
Трамп го номинира Михаил Богачек за нов…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, го номинираше…
Американски војник уапсен во Британија под сомнение…
Високопозициониран американски војник е уапсен во Британија…