Објавено на:

Трамп: САД ќе го преземе Појасот Газа, Нетанјаху смета дека ова ќе ја промени историјата

t

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Соединетите Американски Држави ќе го „преземат“ Појасот Газа, а неговата визија за областа ја опиша како „Ривиера на Блискиот Исток“.
„САД ќе го преземат Појасот Газа и ние ќе направиме се што треба да се направи“, рече Трамп на заедничката прес-конференција со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, пренесе Си-Ен-Ен.

Тој посочи дека областа ќе се развива со помош на економски проекти.
Трамп најави дека САД ќе бидат одговорни за отстранување на опасните неексплодирани бомби и оружје, како и за обнова на уништените згради.
Американскиот претседател не ја исклучи можноста за испраќање американски војници за обезбедување безбедност, нагласувајќи дека САД ќе ги преземат сите неопходни чекори за стабилизирање на регионот.
Трамп го повтори својот предлог за трајно раселување на Палестинците, нагласувајќи дека тие треба да се преселат во други арапски земји, како Јордан и Египет, и дека Газа во моментов е „само урнатини“.
Планот на Трамп наиде на остри критики, особено од Хамас, кој ги обвини САД дека се обидуваат да ги протераат Палестинците од нивната територија.
Високиот функционер на Хамас, Сами Абу Зухри, вчера изјави дека коментарите на американскиот претседател Доналд Трамп за раселувањето на Палестинците од Појасот Газа се „рецепт за хаос“, објави Гардијан.
Претходно вчера, во обраќањето пред новинарите во Белата куќа, американскиот претседател рече дека Палестинците од таа енклава „немаат алтернатива“ освен да ја напуштат бидејќи е уништена од израелските воени напади, наведувајќи дека Палестинците ќе бидат „воодушевени“ да го напуштат Појасот Газа.
Тој додаде дека би сакал да се постигне договор за трајно раселување на Палестинците од таа енклава.
Тој исто така изјави дека рокот од три до пет години за обнова на Појасот Газа, наведен во договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас, не е остварлив повоен план.
Египет, Јордан и други арапски земји ги отфрлија повиците на Трамп за 2,3 милиони Палестинци да се преселат на нивните територии.


Нетанјаху за планот на Трамп за Газа: Тоа може да ја промени историјата


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека планот на американскиот претседател Доналд Трамп за САД да го преземат Појасот Газа може да ја „промени историјата“.
Нетанјаху истакна дека една од неговите цели во војната е да обезбеди Газа повеќе да не претставува закана за Израел, пишува Тајмс оф Израел.
Трамп, како што вели, има поинаква визија за тој регион, кој беше „жариште на тероризам и напади врз Израел“.
Израелскиот премиер додаде дека е важно да се обрне внимание на плановите на Трамп и дека тие потенцијално ќе го променат текот на историјата.
Нетанјаху посочи и дека Хамас за време на сегашното „привремено примирје“ планира да изврши уште поголем напад од оној на 7 октомври.
Зборувајќи за мирот во регионот, Нетанјаху истакна дека мирот не може да се постигне ако Хамас, кој тој го нарече „токсичен и убиствен“, остане на власт.
Тој додаде дека таргетирањето на уништувањето на оние кои сакаат да го уништат Израел ќе биде клучно за постигнување мир во регионот, вклучувајќи го и мирот со Саудиска Арабија и другите држави.
На тема Иран, Нетанјаху ја поддржа изјавата на Трамп дека Иран не смее да има нуклеарно оружје, додавајќи дека доколку тоа може да се постигне преку кампања за „максимален притисок“, тоа треба да се направи.
Трамп рече дека решението за иранското прашање, доколку може да се постигне без војна, би било „огромен успех“, но дека останува да се види како ќе се развива ситуацијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ФБИ нуди награда за информации поврзани со…

Федералното истражно биро на САД (ФБИ) понуди…

Амбасадата на САД во Приштина му се…

В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…

Познато е кој ја уби демократската претставничка…

Осомничениот за атентатот и обидот за атентат…

Путин и Трамп разговарале за конфликтот меѓу…

Рускиот претседател Владимир Путин разговарал по телефон…

УЖАС во САД: Убиени пратеничка на демократите…

Минесота е во шок откако државната претставничка…