Објавено на:

Трамп сака да ја претвори Газа во блискоисточна ривиера; Војската: Подготвени сме на сите опции

t

Американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет денеска изјави дека Пентагон е подготвен да ги разгледа сите опции кога станува збор за Газа, еден ден откако претседателот Доналд Трамп рече дека би сакал САД да ја преземат контролата и да го обноват Појасот Газа.

„Само би рекол, за прашањето за Газа, дефиницијата за лудост е обид истата работа да се прави одново и одново“, рече Хегсет пред почетокот на состанокот со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Пентагон.

„Претседателот е подготвен да размислува надвор од рамката, да бара нови и уникатни, динамични начини за решавање на проблемите што изгледаа нерешливи… Ние сме подготвени да ги разгледаме сите опции“, додаде Хегсет.

Трамп вели дека САД сакаат да ја заземат Газа и да создадат „блискоисточна ривиера“
Трамп повика на трајно раселување на Палестинците од Појасот Газа на заедничката прес-конференција со Нетанјаху во вторникот за САД да можат економски да ја развијат областа и да ја претворат во „ривиера на Блискиот Исток“, предизвикувајќи глобална осуда.

Државниот секретар Марко Рубио подоцна изјави дека Трамп сака Палестинците кои живеат во Газа да бидат „привремено преместени“ за да може енклавата повторно да се изгради.

„САД ќе го преземат Појасот Газа, а ние исто така ќе ја завршиме работата. Ние ќе го поседуваме и ќе бидеме одговорни за отстранување на сите опасни неексплодирани бомби и друго оружје на тоа место“, им рече Трамп на новинарите на прес-конференција со Нетанјаху.

„Ако е потребно, ќе го направиме тоа, ќе го преземеме тој дел, ќе го развиеме, ќе создадеме илјадници и илјадници работни места и тоа ќе биде нешто со што целиот Блиски Исток може многу да се гордее“, додаде Трамп. „Гледам долгорочна сопственост и гледам дека тоа ќе донесе голема стабилност на тој дел од Блискиот Исток“, рече тој.

Тој додаде дека разговарал со регионалните лидери и дека тие ја поддржуваат идејата. Запрашан кој ќе живее таму, Трамп рече дека тоа може да стане дом за „луѓето од светот“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вандали запалиле контејнери со ѓубре во Ново…

Скопје нема да биде заложник на вандали,…

Здруженијата на лица со дијабетес бараат сензори…

На одбележувањето на Светскиот ден на дијабетесот…

ШОКАНТНО ВИДЕО: ИВА МИХАИЛОВА ТВРДИ ДЕКА Е…

Шокантно видео објави на Јутјуб бугарскиот новинар…

САД разгледуваат намалување на военото присуство во…

Намалувањето на американското воено присуство во Европа…

Митовски: Човек ми раскажа дека мајка му…

Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, во…