Трамп се жали на предизборно „зло“ од окружна судијка
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ја нарече окружната судијка Тања Чуткан „најголемо зло“ поради тоа што објави 1.889 страници со докази од специјалната истрага за неговата вмешаност во обидот да ги отфрли резултатите од изборите во 2020 година.
Врховниот суд пресуди дека Трамп не може да биде гонет поради дејства додека бил претседател, поради што актуелниот републикански кандидат оцени дека објавувањето на документите е обид да му се наштети спроти изборите на 5 ноември.
Коментирајќи го непишаното правило обвинителите да избегнуваат какви било постапки што би влијаеле врз изборите во рок од 60 дена пред гласањето, судијката Чуткан изјави дека „ќе влијаела врз изборите ако ги чувала во фиока документите“.
– Ако судот ги прикриваше информациите што јавноста има право да ги има на увид поради потенцијалните политички последици, необјавувањето би било мешање во изборите – тврди окружната судијка.
Чуткан лани добивала смртни закани од жена во Тексас токму поради „лошиот однос“ кон поранешниот претседател.
Новите документи објавени во петокот вклучуваат транскрипти од интервјуа со членови на комитетот од Претставничкиот дом што го истражуваше упадот врз Капитол Хил, делови од автобиографијата на тогашниот потпретседател Мајк Пенс и електронски писма со барање за донации адресирани до гласачи. Документите содржат информации како Трамп ненадејно го влошил односот со Пенс, откако потпретседателот отворено го повикал да престане да ги оспорува без основа резултатите од изборите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хрватска ќе издвојува поголем буџет за одбрана…
Хрватска планира да ги зголеми средствата за…
Владата го одобри Бесник Ферати за заменик-директор…
На денешната седница, Владата го одобри назначувањето…
Кузеска: Рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ паѓа
Бидејќи и вака се пласира од страна…
Трамп: Израел нема капацитет да го уништи…
Американскиот претседател Доналд Трамп вели дека „секогаш…
Мелони објави дека достигнала 4 милиони следбеници…
Премиерката на Италија, Џорџа Мелони, денес објави…