Објавено на:

Трамп се премисли: Подготвен сум привремено да ја преземам функцијата претседател на Претставничкиот дом

t

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека е подготвен привремено да ја преземе функцијата претседател на Претставничкиот дом доколку Републиканската партија не може да се договори за друг кандидат.

„Ме прашаа дали би се согласил да ја прифатам функцијата на кратко за доброто на партијата, додека не се договорат. Ова не го правам затоа што сакам. Ќе го направам ако треба, ако тие не можат да донесаѕ одлука“, рече Трамп.

Тој рече дека ќе ја прифати третата позиција во хиерархијата на моќта на земјата за „период од 30, 60 или 90 дена“ – додека членовите на партијата не се договорат за подолготрајна опција.

Републиканците, кои го контролираат Претставничкиот дом со 221 спрема 212, треба да одржат форум зад затворени врати за кандидатите кои бараат претседателска функција во вторник, состанок на кој поранешниот републикански претседател рече дека можеби ќе присуствува. Се очекува гласање следниот ден.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вероника Консевиќ обезбеди бронза за Македонија во…

Македонија освои уште еден медал на Медитеранските…

Србија набавува офанзивно оружје, тоа треба да…

Европа мора да ја зајакне сопствената безбедност…

Зеленски: Велика Британија и Франција го деблокираа…

Украинскиот Претседателот Володимир Зеленски денес изјави дека…

Елмас официјално претставен во дресот на Аталанта:…

Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас вечерва на…

Утре без струја делови од Скопје, Тетово,…

Поради планирани зафати на електродистрибутивната мрежа, утре,…