Трамп се шегувал дека ќе го прогласи Ормускиот Теснец за територија на САД
Претседателот на САД Доналд Трамп изјави дека наскоро ќе го прогласи Ормускиот Теснец за територија на САД.
-Откако го победивме, многу наскоро ќе го прогласам Ормускиот Теснец за територија на Соединетите Американски Држави. Тоа е вистина, рече тој вчера со насмевка на политички настан во полициска академија во сојузната држава Њујорк.
Сепак, претставник на Белата куќа подоцна, според „Волстрит журнал“, изјавил дека Трамп се шегувал.
Раководството во Техеран веднаш ги отфрли изјавите на Трамп.
-Ормускиот Теснец бил ирански, е ирански и ќе остане ирански, напиша заменик-министерот за надворешни работи Касем Гарибабади на X.
Тој додаде дека теснецот, кој е од огромно значење за светската економија, ќе биде „отворен и затворен само по наредба на Иран“.
Ормускиот Теснец е една од најважните спорни точки меѓу Вашингтон и Техеран во напорите за ставање крај на војната.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Американско-украинскиот фонд го склучи првиот голем договор…
Заедничкиот американско-украински инвестициски фонд за обнова го…
САД им се заканија на Германија и…
Владата на САД ги предупреди Германија и…
Номинираниот амбасадор на САД во Бугарија: Во…
Номинираниот за нов амбасадор на Соединетите Американски…
Трамп најави планови за јужнокорејски инвестиции од…
Американскиот претседател Доналд Трамп во средата најави…
Ел Мундо: Русија летово планирала атентат на…
Руска разузнавачка мрежа планирала да изврши атентат…