Објавено на:

Трамп: Судијата ќе биде одговорен ако се случи напад врз Вашингтон

t

Американскиот претседател Доналд Трамп остро го критикуваше федералниот судија Ричард Леон поради судскиот спор поврзан со изградбата на „DronePort“ – специјален објект за дронови во близина на Белата куќа.

Во објава на својата социјална мрежа Truth Social, Трамп оцени дека проектот ќе биде еден од најсофистицираните вакви системи во светот и дека ќе има клучна улога во долгорочната заштита на Вашингтон.

„DronePort кај салата за свечености на Белата куќа можеби ќе биде најсофистицираниот во светот. Тој ќе го штити главниот град на нашата држава во иднина. Судијата Ричард Леон треба да престане да си игра со американската безбедност“, напиша Трамп.

Тој отиде чекор понатаму, предупредувајќи дека доколку се случи некаков безбедносен инцидент, судијата ќе сноси одговорност.

„Ако се случи нешто, тој ќе биде одговорен за смртта и уништувањето нанесени на нашата земја“, порача американскиот претседател.

Во објавата Трамп ја нападна и жената која ја поднела тужбата против проектот, нарекувајќи ја „сериски тужител“. Според него, таа се противи на изградбата затоа што објектот ќе ѝ го попречува секојдневното пешачење.

Трамп истакна дека современите безбедносни закани бараат нови технологии за одбрана и дека Вашингтон повеќе не може да се потпира само на традиционалното вооружување.

На крајот, тој побара тужбата веднаш да биде отфрлена, оценувајќи ја како неоснована и штетна за националната безбедност. објави Скопје1.мк

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Туск: Само предавниците можат да се радуваат…

Полскиот премиер Доналд Туск денес изјави дека…

Сиљановска Давкова: Каква држава ќе создадеме, таква…

Асномскиот завет вели – каква држава ќе…

Агресивен патник врзан со леплива лента за…

Патник кој предизвикал проблеми во авион бил…

Ограбена црквата „Свети Никола“ во Велгошти: Крадците…

Во СВР Охрид вчера е пријавено дека во периодот од 04…

Куманово доби пет специјализирани возила за одржување…

Куманово добива пет специјализирани возила за одржување…