Трамп сo закани кон Иран: „Нема да постоите повеќе“
Претседателот на САД Доналд Трамп потврди дека американската војска нападнала ирански складишта за ракети и дронови, како и крајбрежни радарски локации, поради, како што наведе, повторно кршење на договорот за прекин на огнот од страна на Техеран.
Тој предупреди дека може да дојде до позначајна употреба на американските сили против Иран.
„Можеби ќе дојде момент кога повеќе нема да можеме да бидеме разумни и ќе бидеме принудени воено да ја завршиме работата што многу успешно ја започнавме“, напиша Трамп на својата мрежа Truth Social.
Тој нагласи и дека „ако тоа се случи, Исламската Република Иран повеќе нема да постои“.
Соопштението на Трамп следеше откако Централната команда на американската војска (CENTCOM) објави дека извршила нов напад на цели во внатрешноста на Иран, како одговор на ирански напад на комерцијален танкер за транспорт на нафта.
Набргу по оваа објава, иранската државна телевизија IRIB, повикувајќи се на информиран воен извор, пренесе дека се случиле експлозии во округот Сириќ, во јужната покраина Хормозган, при што е наведено дека „експлозиите што се слушнале ги предизвикале неколку проектили кои погодиле телекомуникациски столб во близина на селото Тахруџи во Сириќ“.
Иранскиот Корпус на исламската револуционерна гарда (IRGC) соопшти потоа дека започнал голема операција со ракетни и дрон-напади на осум американски воени објекти на Блискиот Исток, како „одлучен одговор“ на, како што наведуваат, обновената американска агресија.
Според соопштението, операцијата следела по нападите што САД ги извршиле врз пет ирански крајбрежни упоришта, „под изговор дека реагираат на судир на морнарицата на IRGC со брод што влегол во Ормускиот теснец“.
IRGC соопшти дека поморскиот сообраќај низ Ормускиот теснец е во надлежност на Иран, согласно меморандум за разбирање кој неодамна бил потпишан меѓу Иран и САД, со посредство на Пакистан.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп сo закани кон Иран: „Нема да…
Претседателот на САД Доналд Трамп потврди дека…
(Видео) Аеродромот во Каракас ја отвори пистата…
Една писта на клучниот аеродром во главниот…
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче молчи за бугарските провокации и…
Филипче со месеци се обидува да ја…
(Видео) Германски пратеник: ЕУ ќе се распадне…
Пратеникот на германскиот Бундестаг, Максимилијан Крах од…
Мотоциклист тешко повреден во сообраќајка на „Партизанска“…
Мотоциклист се здобил со тешки телесни повреди…