Трамп: Утре ќе го потпишеме договорот со Иран, Ормускиот теснец се отвора за сообраќај
Доналд Трамп објави дека САД утре ќе потпишат нов договор со Иран, кој, според него, целосно ќе го спречи Техеран да развива нуклеарно оружје. Трамп, исто така, потврди дека веднаш по потпишувањето, Ормускиот теснец ќе биде отворен за целиот сообраќај, објави тој на социјалната мрежа Truth Social.
Трамп остро го критикуваше претходниот договор постигнат од администрацијата на Барак Обама со Иран, опишувајчи го како „лесен, убав, мазен пат до нуклеарното оружје“ и тврди дека доколку тој останел на сила, Иран ќе имал нуклеарно оружје пред шест години и „ќе го користел многу порано“.
Тој го опиша својот нов договор со Иран како сосема спротивен. „Мојот договор со Иран е целосно спротивен, ѕид до никакво никлеарно оружје! напиша Трамп.
Всушност, тие веќе не сакаат нуклеарно оружје, ниту ќе го имаат, ниту преку купување, развој или било каква друга форма на стекнување. Договорот треба да биде потпишан утре“, додаде тој. Тој, исто така, изјави дека односите на САД со Иран сега се „многу различни и подобри“ од претходните администрации.
Трамп најави и идни чекори: „Во соодветно време, кога сè ќе се смири, ќе влеземе и ќе ја земеме нуклеарната прашина, закопана длабоко под силните потопени гранитни планини, благодарение на нашите прекрасни бомбардери Б-2 и нивните брилијантни пилоти, и ќе ја разредиме и уништиме, било во Иран или во САД“.
Американскиот претседател изрази оптимизам за идната соработка.
Со нетрпение очекуваме соработка со Иран и целиот Блиски Исток, долго во иднината“, рече тој. Тој изрази надеж дека целиот процес ќе биде „брз, лесен и непречен“, но упати и предупредување. „Ако не, имаме последна опција, која се надеваме дека никогаш повеќе нема да се користи!
Претходно денеска, портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи, денеска негираше дека договорот на Иран со САД ќе биде потпишан утре.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп: Утре ќе го потпишеме договорот со…
Доналд Трамп објави дека САД утре ќе…
САД се заканија дека ќе запленат ирански…
Владата на САД започна двојна кампања на…
Се бројат часови до потпишување на првичниот…
САД и Иран се согласија за рамка…
Иран им се заканува на САД: Нафтата…
САД треба да бидат подготвени за цени…
Трамп го повика Конгресот да усвои пакет…
Американскиот претседател Доналд Трамп го повика Конгресот…